manage - онтологија

води повеќе

водат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за нешто.
Албански: menaxhoj
Примери:
Мојата жена ја води нашата куќа.

газдува повеќе

газдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раководи, стопанисува
Примери:
Газдите газдуваа, а работниците работеа.

движи повеќе

движат
Вид збор: Глагол, несвршен
Раководи, работи на остварувањето на некоја цел, поттикнува.
Албански: drejton, menaxhon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги движи работите во образованието.

менаџира повеќе

менаџираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Раководи со претпријатие, води бизнис.
Употреба: Економија
Примери:
Таа неуморно менаџира со фабриката.

престаса повеќе

престасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стаса, постигне да направи нешто навреме.
Албански: arriti
Примери:
Не знаеше дали ќе престаса да одговори на сите нарачки.

престигне повеќе

престигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стаса, подигне да направи нешто навреме.
Албански: arrij
Примери:
Таа не можеше да престигне со разнесување пијачка и кафе.

раководи повеќе

раководат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои на чело на нешто; зазема должност на управител.
Албански: udhëheq
Примери:
Сите тие ја раководеа нашата борба.

снајде повеќе

(се) снајдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се снајде) Се соумее да излезе од тешка положба.
Албански: ia dal në krye
Примери:
Умее да се снајде во секоја ситуација.
(се снајде) сообрази, приспособи
Албански: gjëndet
Примери:
Тука и тој не може да се снајде.

снаоѓа повеќе

Види и: снајде (св.)
(се) снаоѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) снајде

справи повеќе

справат
Вид збор: Глагол, свршен
(се справи) Излезе на крај, совлада пречки, тешкотии.
Албански: ia dal
Употреба: Книжевен збор , Ретко
Примери:
Лесно ќе се справи со него.

стокми повеќе

стокмат
Вид збор: Глагол, свршен
скрои, среди
Албански: menaxhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ми ја стокми оваа работа.

стопанисува повеќе

стопанисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
работи, економски делува, ствара
Употреба: Економија
Примери:
И ќерка му почна да стопанисува.

управува повеќе

управуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја води управата, го управува претпријатието.
Албански: menaxhoj
Употреба: Економија
Примери:
Кампањата ја управуваат искусни луѓе.